Утрински Весник
Свет

Зеленски ги повика лидерите на Арапската лига: Некои тука ги затвораат очите пред ужасите

Зеленски ги повика лидерите на Арапската лига: Некои тука ги затвораат очите пред ужасите

За време на вчерашниот говор на самитот на Арапската лига (АЛ), претседателот на Украина, Володимир Зеленски, обвини некои арапски лидери дека ги игнорираат ужасите од руската инвазија.

dobivaj vesti na viber

„За жал, има некои во светот и тука, меѓу вас, кои замижуваат пред овој грабеж и незаконски анексии“, им порача Зеленски на шефовите на арапските држави и ги повика искрено да погледнат што се случува во неговата земја.

„Ве повикувам сите вас кои го цените мирот да се придружите на имплементацијата на оваа мировна формула и на тој начин да придонесете за намалување на непријателството, војните, страдањата и злото. Русија е слаба, ние ја победивме кога имаше повеќе оружје во рацете. Нејзината агресивност не доаѓа од силата, туку од сфаќањето дека времето на империите помина“, рече Зеленски.

Како добар пример за формула за мир што може да ја користат другите, вклучително и земјите од Арапската лига, тој ја наведе Црноморската иницијатива за житни култури, која и овозможи на Украина, важен извозник на жито, да продолжи со извозот на глобално ниво.

Можете да прочитате

Уапсен полски државјанин вплеткан во организација за наводен атентат на Зеленски

САД ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН

САД и В.Британија воведоа санкции кон Иран