
Прес-конференцијата на Калтрина Зекољи, ВЛЕН
Вчера беше потпишан договорот со историска тежина за финансирање на втората делница од автопатот Скопје–Блаце, во вредност од околу 200 милиони евра.
Оваа капитална инвестиција става крај на една долга голгота од лаги, одолговлекувања и празни ветувања. Со години, патот Скопје–Блаце беше симбол на разочарувањето и на предизборните ветувања што постојано се повторуваа. Тоа беше најјасниот доказ што се случува кога една партија нема политичка волја да реализира проект од вакво стратешко значење.
Затоа велиме дека овој договор има историска тежина.
Партијата што секојдневно се претставува како заштитник на Албанците, додека беше на власт, овој проект го користеше исклучиво за собирање политички поени и гласови. Автопатот Скопје–Блаце го претворија во предизборен рефрен, но никогаш во владин приоритет.
Го ветуваа во 2008 година. Повторно во 2011, потоа во 2014, во 2017, во 2020 и уште еднаш во 2023 година. По сите тие ветувања, граѓаните добија само околу два километри пат.
За ВЛЕН, патриотизмот се мери со работа, а не со празни зборови.
По многу години чекање, автопатот Скопје–Блаце конечно преминува од ветување во реализација. Овој проект отвора ново поглавје во поврзувањето со Косово, ќе го олесни движењето на граѓаните, ќе им помогне на компаниите, на дијаспората и ќе даде силен поттик за економскиот развој на целиот регион.
Автопатот Скопје–Блаце е најсилниот доказ дека големите проекти не се реализираат со пропаганда, туку со работа. Во изминатите 24 месеци работевме посветено за да стигнеме до оваа точка и конечно овој проект да престане да биде заложник на бескрајни ветувања.
И токму така ќе продолжи да работиме. Еден по еден ќе ги реализираме проектите што со децении беа држени во место, затоа што Албанците, но и сите граѓани, немаат повеќе време за празни зборови и недовршени проекти.

