Утрински Весник
Економија

Зегин онлајн повторно се закити со награда за најпопуларна е- продавница за 2022 година

Зегин онлајн повторно се закити со награда за најпопуларна е- продавница за 2022 година

Во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и оваа година се одржаа Ecommerce Awards- награди за избор на најдобрите во македонската е-трговија.

dobivaj vesti na viber

И оваа година компанијата Зегин со е- продавницата www.zegin.com.mk беше номинирана во неколку категории, а го освои третото место во категоријата ”Најпопуларна е-продавница”, што претставува уште една потврда дека квалитетот, професионалноста, вложениот труд и љубов секогаш резултираат со успех.

Изборот на најдобрите е-трговци има за цел да ги препознае и награди најдобрите со што ќе придонесе за мотивација и охрабрување за уште подобра работа, да ја крене свеста за потенцијалот и да ја промовира е-трговијата, како и да ја зајакне конкуренстноста и да охрабри унапредување на работењето кај постојните и идни е-трговци. Онлајн продавницата на Зегин- www.zegin.com.mk функционира две години, а доказ за успешноста е токму оваа награда која претставува одлична мотивација за уште попосветена работа, поквалитетна понуда, како и позадоволни купувачи во иднина – велат од компанијата.

Во тој контекст , по барање и на задоволство на купувачите, оваа година услугите на онлајн продавницата www.zegin.com.mk се прошируваат и се достапни во сечиј дом на територијата на целата држава, за уште подобро, полесно и подостапно купувачко доживување.

(ПР)

Можете да прочитате

Димитриеска-Кочоска: Определбата да нема промена на даночните стапки наметна внимателно планирање на Буџетот за 2027 година

Ако роботите ги заменат професиите, кој ќе плаќа придонеси?

Од понеделник ќе јадеме поскап леб, поскапуваат и други намирници