Утрински Весник
Македонија

Здружение на граѓани „Мој социјален работник“ помага при вработување на невработени лица

Download 7.jpeg

Здружението на граѓани Мој социјален работник постои долго време, но како формално здружение функционира од мај 2024 година, а она што го одвојува од илјадниците здруженија е услугите што тоа го нуди. 

За тоа кои се целите и како функционира здружението 24инфо.мк разговараше со Јасмина Калеовска од Мој социјален работник.

Калеовска, која е дипломиран социјален работник вели дека досега до здружението се јавиле педесетиина граѓани кои имале потреба од вработување или пак од запознавање со нивните права. 

„Над 50 луѓе се обратија за помош за пронаоѓање на работа и секој кој беше сериозен во намерата да најде ангажман, во соработка со нас успеа да најде работа“ вели Калеовска. 

На прашањето како функционира целиот систем на спојување на невработените со барателите на работниците, Калеовска вели дека за тоа се потребни труд и време.

„И лицата и компаниите ги наоѓаме по социјалните мрежи и соработуваме со двата сегменти и работодавците и баратели на работа. Прецизно знаеме на која компанија каков работник и е потребен и успешно ги спојуваме“ вели таа. 

Но, покрај помошта при барањето работа, Мој социјален работник дава услуги и во вид на помош за остварување на правата пред се од социјалната заштита. 

„Нудиме советување за правата на граѓаните од доменот на социјалната и детската заштита, односно на кој начин да ги остварат тие права со кои документи, образец за барањата им испраќаме во електронска форма за да се избегне непотребно одење на шалтер. Доколку се одбиени за некое право имаме правници и адвокати кои им составуваат жалби и тужби до остварување на правото. Исттао даваме совети и поддршка при разводи и кризни животни ситуации ,јакнеме лични и родителски вештини“ истакна Калеовска. 

Во однос на цените на услугите, Калеовска вели дека нема одреден фиксен ценовник.

„Цените се формираат согласно потребите на корисниците на нашите услуги , индивидуални се потребите па така и цените се индивидуални“ појаснува Калеовска.

Граѓаните кои имаат потреба од каква било услуга можат да го најдат здружението на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри

Александар Димитријевиќ нов генерален секретар на СДСМ, еве кои се потпретседатели