Утрински Весник
Спорт

Збогувања во Париз: Галтие ја напушта клупата, Меси и Рамос ќе кажат „чао“

Збогувања во Париз: Галтие ја напушта клупата, Меси и Рамос ќе кажат „чао“

Тренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие, сигурно ќе ја напушти функцијата по завршувањето на сезоната, тврди „Л’Екип“. 56-годишниот стратег е на кормилото на парижаните од минатото лето, но раководството на клубот веќе реши да се раздели со него.

dobivaj vesti na viber

Галтие е под договор уште една година, но нема да го исполни до крајот. Под негово водство ПСЖ ја освои титулата во Лига 1, а во Лигата на шампионите беше елиминиран во осминафиналето од Баерн Минхен.

Катарските сопственици на ПСЖ веќе се во потрага по нов тренер. Се споменуваат имињата на Луис Енрике, Чаби Алонсо и на Жозе Мурињо.

Последниот натпревар Галтие ќе го има денеска против Клермон, а на овој меч ќе се збогуваат и Лионел Меси и Серхио Рамос.

Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД