Утрински Весник
Свет

Нема веќе преживеани во железничката несреќа во Индија: Ги спасивме тие што можевме, сега вадиме само тела

Нема веќе преживеани во железничката несреќа во Индија: Ги спасивме тие што можевме, сега вадиме само тела

Во една од најсмртоносните железнички несреќи во Индија во последните неколку децении, загинаа повеќе од 280 луѓе, а стотици беа повредени, соопштија денеска локалните власти, пренесува АП.

dobivaj vesti na viber

Хаос настана кога возовите синоќа излетаа од шините на околу 220 километри југозападно од Калкута, а спасувачите се качија на остатоците од возовите за да ги скршат вратите и прозорците за да ги евакуираат повредените.

Бројот на жртвите растеше во текот на ноќта, а телата на жртвите, покриени со бели чаршафи, лежеа на земја додека локалното население и спасувачите трчаа да им помогнат на преживеаните со помош на воен персонал и помош на воени хеликоптери.

– До 10 часот навечер (во петок) успеавме да ги спасиме сите преживеани. После тоа ги извадивме само телата на загинатите. Ова е многу, многу трагично. Никогаш не сум видел вакво нешто во мојата кариера – изјави за Асошиетед прес Суданса Саранги, директор на противпожарната и итната служба во државата Одиша.

Истрагата за оваа несреќа, која однесе најмалку 280 човечки животи, а во која беа повредени околу 900 лица, е во тек.

Можете да прочитате

Русија и Јордан предупредуваат на опасност од регионална ескалација

Директните напади меѓу Иран и Израел завршија

Гутереш: Крајно време е да се запре опасниот циклус на одмазда на Блискиот Исток