Утрински Весник
Свет

Сообраќајна несреќа во Србија: Автобус полн со деца се судрил со автомобил, 10 деца во болница

Фрлена бомба пред познат белградски ресторан: Оштетени три автомобили
Ss2

Во сообраќајна несреќа во Шабац, Србија, кога се судриле автобус од Футог, кој превезувал деца, и автомобил, десет деца побарале лекарска помош.

dobivaj vesti na viber

Како што објавува „Блиц“, несреќата се случила околу 9:20 часот во Еврејска улица во Шабац. Автобусот превезувал деца, а десет од нив побарале лекарска помош. Според информациите, во прашање се полесни телесни повреди.

300x250 (7)

Според првите информации на Татјана Цвејиќ, портпаролка на Општата болница „Д-р Лаза К. Лазаревиќ“ во Шабац, на Итната помош се примени 10 деца и еден водич во автобус, пренесува српски Курир.

Децата се од Футог и биле на екскурзија до Тршиќ. Се уште чекаат да им се направат потребните прегледи, но се расположени, насмеани и нема сериозни повреди. Водичот кој бил со децата е упатен на дополнителна дијагностика – пишуваат медиумите во Србија.

Возачот на „голфот“ е уапсен и против него е поднесена кривична пријава за кривично дело загрозување на јавниот сообраќај ќе биде сослушан во Основното обвинителство во Шабац Според првичните информации, возачот на „голфот“ свртел преку полна линија во правец на бензинската пумпа кога на него налетал автобусот.

Ss1

Можете да прочитате

Германија: 430 лица заразени со норовирус на Пролетниот фестивал во Штутгарт

САД и 17 земји го повикаа Хамас: Ослободете ги заложниците, ова може да ја реши кризата во Газа

Хамас предлага едногодишен прекин на огнот во Газа