Утрински Весник
Македонија

Завршни зборови за „Титаник 2“: Мијалков овој пат донесен со затворско комбе

Завршни зборови за „Титаник 2“: Мијалков овој пат донесен со затворско комбе
300x250 (7)

Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, со затворско комбе го донесоа зад Кривичниот суд за да присуствува на судењето за „Титаник 2“, предмет за изборни нерегуларности. Во придружба на двајца полицајци тој влезе во зградата на судот. Овој спровод се разликува од оној што беше направен кон крајот на декември кога тој пеш дојде преку паркингот на судот и влезе во зградата. Пред судницата го пречекаа тројцата негови адвокати.

dobivaj vesti na viber

Судењето почна со прецизирање на обвинителниот акт од страна на обвинителот Гаврил Бубевски. Прецизирањето е по насоките од Апелација по укинувањето на пресудата.

300x250 (7)

„При одредени правни прашања како такви ги постави Апелација со укинувањето на пресудата, како што веќе еднаш беше донесено во овој суд, во однос на истите обвинети, ќе извршам прецизирање на диспозитивот на обвинителниот акт. Имајќи предвид дека од доказите се утврди оти треба да отпадне штетата во однос на паричниот износ од 22.000 денари од ова кривично дело имајќи предвид дека не е опфатена во умислата на обвинетите и доказите што одат во тој прилог, ќе извршам и одредена правна преквалификација врз основа на тоа што го прецизирам во обвинението, иако и последицата, која е содржана во правната преквалификација, веќе беше предмет на обвинение, а тоа е противзаконито да биде избран противкандидатот Васил Пишев. Таквиот објект на заштита е предвиден во правната норма на КЗ, како и повреда на избирачкото право“, додаде Бубевски.

Судењето е во фаза на давање завршни зборови по што следува нова првостепена пресуда. Кривичното дело примање награда за противзаконито влијание на Мијалков му застарува во април. Предметот се однесува на изборни нерегуларности сторени во 2013 година.

Апелација ја укина пресудата во декември 2019 година. Од тогаш до декември 2022 година по предметот уште се постапува во Кривичниот суд. Ова би значело дека речиси е невозможно за четири месеци, пред делото на Мијалков да застари, да се донесе правосилна судска одлука.

Ss1

Можете да прочитате

Ковачки: Со над 800 милиони евра владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги решава проблемите на земјоделците, со 250 милиони евра годишно дополнително ќе се развиваат општините

Тетовецот што опљачка казино во Лешок заврши во притвор

ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Сончев, пролетно топол и сув викенд – Услови за краткотрајна нестабилност претежно во планинските предели