Утрински Весник
Македонија

Нов паркин простор во Аеродром, со капацитет од 60 места

Нов паркин простор во Аеродром, со капацитет од 60 места
Img 5587

Нов паркинг на простор од околу 1500 метри квадратни со капацитет од 60 паркинг места е пуштен во употреба во населбата Стар Аеродром.

dobivaj vesti na viber

Проектот е целосно финансиран со средства од буџетот на Општина Аеродром и е дел од градежната офанзива која започна во 2022, а продолжи во 2023 година. Со ова локалната самоуправа решава еден важен проблем за жителите кој живеат во овој дел од општината.

Ss1

„ За мене преставува вистинска чест и се радувам кога во рамките на секојдневното работење промовираме нови проекти. Настојуваме во нашата работа да ставиме акцент на најважните предизвици со кои се сооочуваат граѓаните, водејќи сметка за развојот на секое населено место. Во буџетот за оваа година предвидени се голем број инвестиции со кои Аеродром и понатаму ќе биде најубаво место за живеење“, напиша градоначалникот Муцунски на својот Фејсбук профил.

На самиот крај на 2022 година, во овој дел од Аеродром почна со работа и новата детска градинка, а почетокот на оваа година беше означен со низа инвестиции во инфраструктурни проекти. Во тек се подготовките за изградба на над 160 нови паркинг места, кои ќе се изведат на уште две локации во општина Аеродром, првиот во близина на „Мајчин дом“, а вториот во населбата Мичурин. Истовремено, во населбата Лисиче активно се работи на целосна реконструкција на нови улици. Во буџетот на Општина Аеродром за 2023 година, обезбедивме 30 милиони денари за подобрување на инфраструктурата и повеќе паркинг места за поубав Аеродром и поквалитетен живот во секое населено место.

Ss1

Можете да прочитате

РСБСП: Внимателно и одговорно возење за време на празниците

Барометар на корупција на Транспаренси Интернешнл-Македонија – „Бистро-Матно“

Мицкоски: Правилото победник со победник е прекршено во 2017 година и тоа не важи, оној кој има 61 пратеник во парламентот ја формира идната влада