Утрински Весник
Македонија

Заврши истрагата за злоупотребите на Клиниката за онкологија

Onkologija.jpg

Заврши истрагата за Онкологија, за измама во службата и злоупотреби, со биолошката терапија, потврдија од Обвинителство. Сега треба одбраната да направи увид и евентуално да достави свои докази во рок од 15 дена.

Скопското обвинителството пред речиси една година отвори истрага против двајцата поранешни директори, медицинскиот Нино Васев и економскиот директор, Нехат Нухи како и против уште тројца доктори онколози, осомничени за помагање.


Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши истражната постапка во предметот за злоупотреби на Клиниката за онкологија. Постапката е во фаза во која течат роковите предвидени во Законот за кривична постапка, по што јавноста ќе биде известена во однос на јавнообвинителската одлука и доказниот материјал, велат од ОЈО Скопје.

Можете да прочитате

Тетовец две години ја уценувал поранешната партнерка со експлицитни снимки

Силјан: На избори се добива мандат – не тапија на татковината

13-годишници повредени во судир со мотоцикли