Утрински Весник
Македонија

Заврши доказната постапка во случајот за убиството на Вања и Панче – на 2 јуни завршни зборови

Sudenje Palco.jpg

Заврши доказната постапка во случајот за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, каде првообвинет е Љупчо Палевски – Палчо, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски. Судењето продолжува на 2 јуни со завршини зборови на Обвинителството.

На денешното рочиште во Основниот кривичен суд Скопје беа изведувани дополнителни докази од страна на одбраната на обвинетите Палевски, Видевски и Ѓорчевски, додека одбраната на останатите двајца обвинети Манев и Кешишев не предложи докази во дополнението на доказната постапка.


Првообвинетиот Љупчо Палевски најпрво приговараше на образложението на Основното јавно обвинителство во врска со сметањето на времето. Според него, времето од снимките во дворот на Велибор Манев кои претходно ги изведе Обвинителството пред Судот, не се во реално време иако биле вештачени и потврдени од МВР Форензика.

Приговорот се однесува на образложението на ОЈО во врска со зимско и летно сметање на време, заборавајќи дека доказот од дворот на Велибор Манев е изведен, но сега се обидува да го негира сопствениот доказ, вештачење кое дополнително од Судот беше внесено како доказ во судската постапка … Првиот доказ кој го приложувам е во директна врска со видеото од дворот на Велибор Манев дека не е реално времето. На Судот му доставувам податок од веќе изведен доказ, извештај од телефон каде на 21 ноември 2023 година во 18:20 часот СМС порака, уште една по две секунди и трета порака во 20 часот. Се работи за моето возило Фиат добло, а не Рено кангу. Ова предлага на околност на поместување на времето во видеото од дворот на Велибор Манев, значи дека јас сум пристигнал пред вратата во дворот во 21:00 часот, а не во 22:00 часот како што беше презентирано. Проблемот на ОЈО е тоа што пораките не се на Град Скопје, туку на Општина Центар, за Фиат добло бела боја. Тоа значи дека најмалку ми требаат 15 минути да отидам до штабот да го земам Реното кангу, да облечам шушкавец Адидас и да се упатам кон куќата на Велибор Манев, рече Палевски.

Вели несериозно е слободно да се толкува времето и да се поместува, уште повеќе што судењето е во фаза на дополнителна постапка. — Поместувањето на времето во веќе изведен доказ со вештачење од МВР форензика врз кој Судот донесе решение дека Палевски се гледа во видеото е несериозно сега да се поместува времето со слободно толкување во дополнителна постапка спротивно од вештачењето кое го предложивте како доказ, рече Палевски.

Обвинителката Ана Стојковиќ Димитровска се противеше на изведување на предложениот доказ, бидејќи како што рече, обвинетите не користеле мобилни телефони, туку радиоврски и мотороли.

Можете да прочитате

(Видео) Траорно сведоштво на мајка на повредено момче од Кочани: Морав да напуштам работа, од државата немаме никаква помош

Синот на Мицкоски матурираше, премиерот му порача дека од октовмри го чекал на Машински

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против Милчо Манчевски за сомнителни трансакции од 950.000 евра