Утрински Весник
Македонија

Денес Собранието ќе гласа за избор на Савески за нов државен јавен обвинител

Nenad 3.jpg

На денешната пленарна седница во Собранието се очекува да биде избран новиот државен јавен обвинител. Предлогот на Владата е тоа да биде Ненад Савески, судија од Основниот кривичен суд во Скопје.

Одлуката беше донесена на 10 март, а Савески беше избран од кандидатите кои добија позитивно мислење од Советот на јавни обвинители.


За да биде изгласан, на Савески му се потребни најмалку 61 глас од пратениците.

На денешната пленарна седница треба да се расправа и за предлогот за избор на член на Судскиот совет што го избира Собранието. Комисијата за избори и именувања предложи две имиња – Cejфула Османи, доктор на правни науки со положен правосуден испит од Градец, Врапчиште и Apбер Исаку, дипломиран правник со положен правосуден испит од Тетово.

На пленарната седница се очекува да биде ставен и предлогот Ацо Ристов да биде избран за претседател на Регулаторната комисија за енергетика по оставката на Марко Бислимоски.

Можете да прочитате

Засилени сообраќајни контроли за електрични тротинети, во август 606 прекршоци и одземени 18 електрични тротинети

Божиновска: Сакаме закон за рударство што ќе отвори простор за инвестиции и развој, но нема да има компромис со животната средина, граѓаните и интересите на локалните заедници

Се трага по скопјанец во Охрид, на плажа биле пронајдени негови алишта и телефон