Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Заврши делумната мобилизација во Русија

Заврши делумната мобилизација во Русија
300x250 opst2

Руското Министерство за одбрана објави дека е завршена делумната мобилизација, која беше искористена за испраќање засилување во Украина како дел од она што Русија го нарекува „специјална воена операција“.

dobivaj vesti na viber

Во име на министерот за одбрана Сергеј Шојгу, Министерството изјави: „Запрени се сите активности поврзани со регрутирањето за воена служба од страна на воените комесаријат, заедно со извршните органи на конститутивните субјекти на Руската Федерација“.

Како што е наведено, според упатството, на целиот персонал на воениот комесаријат кој се занимава со обезбедување делумна мобилизација од 31 октомври годинава, му е наредено да се врати вообичаено да ги извршува работните задачи.

Во иднина работата на воените комесаријат за регрутирање на вооружените сили на Руската Федерација ќе се организира само со прифаќање на доброволци и кандидати за воена служба по договор, пишува „Гардијан“.

Шојгу веќе го известил претседателот на Русија Владимир Путин дека целта за мобилизација на 300.000 луѓе е исполнета.

Тој рече дека не се потребни дополнителни активности и дека сè е завршено кога станува збор за планираната делумна мобилизација.

На 21 септември, рускиот претседател Владимир Путин најави делумна мобилизација во Русија како значајна ескалација што донекаде ги доведе луѓето и економијата на земјата во воена состојба. Во долгоочекуваното телевизиско обраќање, Путин рече дека првата мобилизација на Русија по Втората светска војна е директен одговор на опасностите што ги носи Западот, кој „сака да ја уништи нашата земја“.

Набргу по соопштението на Путин, Шојгу рече дека 300.000 Руси ќе бидат повикани како дел од мобилизацијата што ќе се однесува на „оние со претходно воено искуство“.

Можете да прочитате

Најмалку четворица загинати и 12 повредени во пукање за време на прослава во Мисисипи

Трамп се закани со царини од 100% за увоз од Кина

19 лица загинаа во експлозија на фабрика во САД