Утрински Весник
Македонија

Филков од Подгорица: Македонија и Црна Гора ја зајакнуваат соработката во реформите во правосудството

3 18.jpg

Министерот за правда , Игор Филков, во Подгорица оствари билатерална средба со министерот за правда на Црна Гора, Бојан Божовиќ.

На средбата беше потврдена силната заложба на двете држави за продлабочување на соработката во областа на владеењето на правото, независноста на судството и спроведувањето на реформите во правосудниот систем, во контекст на процесот на европска интеграција.


Посебно внимание беше посветено на унапредувањето на билатералната соработка меѓу Црна Гора и Република Северна Македонија, при што беше оценето дека односите меѓу двете држави ги карактеризираат пријателство, меѓусебна доверба и континуирана поддршка во области од заеднички интерес.

Министрите се осврнаа и на досегашните средби и постигнатите резултати од соработката, при што беше истакнато дека постои простор за нејзино понатамошно продлабочување, особено преку поинтензивна размена на искуства, добри практики и институционална соработка во рамки на реформските процеси и усогласувањето со европското законодавство.

Филков и Божовиќ потенцирааа дека соработката меѓу двете земји претставува значаен придонес кон стабилноста и европската перспектива на регионот, изразувајќи заедничка волја за понатамошно интензивирање на билатералните односи во областа на правдата.

Можете да прочитате

Кулминира топлотниот бран во Македонија, многу топло и преку ден и навечер

СДСМ: Додека Гостивар пие загадена вода, ВМРО-ДПМНЕ со бизнис зделка од 100.000 евра за набавка на флаширана вода

ВЛЕН: Охридскиот договор не е тапија на ДУИ, а уште помалку има право да го урива