Утрински Весник
Македонија

Притвор за маж од Естонија осомничен за силување на 14-годишно дете

Policija 2.webp.webp

СВР Скопје-Единицата за насилен криминал-Одделение за крвни и сексуални деликти поднесе кривична пријава против Т.Т.(56) од Естонија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години”.

Во различен период во повеќе наврати, тој извршил полови дејствија врз 14-годишен малолетник.


Извршен бил претрес во домот каде престојувал на подрачјето на Кисела Вода, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои основано сомнение дека се поврзани со делото, а од судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.    

Можете да прочитате

Повик до сопствениците да ги отстранат кајчињата од јавните површини долж брегот на Охридското Езеро

АНБ и МВР со акција против група поврзана со меѓународна терористичка мрежа

Левица: Бившиот советник од ДПМНЕ, Синадиновски , на платен список на лотарија -45.000 € за чистење парк и гледање фудбал