Утрински Весник
Македонија

Заврши четиринаесеттиот RoboMac 2026 – 24info.mk

B34b9782 19f4 4747 e03b 2aefbbbb9ab2.jpg

Со финалниот натпревар во шест различни категории кој се одржа во Факултетот за електротехника и информациски технологии заврши овогодинешното издание на RoboMac. На натпреварот учествуваа студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии ФЕИТ во Скопје, Машински факултет во Скопје и Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје, распределени во 29 тимови. Категориите во кои учесниците се натпреваруваа се:

SELF-RACING CARS


Трката се одвиваше по мапа означена со сива боја, по која возеа количките. Почетокот и крајот беа означени со црно-бела шаховска шара. Брзината и прецизноста беа основните нешта валоризирани за победа. Победничка беше онаа количка која најбрзо сврти три кругови. Доколку се случеше количката да излезе од патеката, со двете тркала, судијата на натпреварот ќе покажеше кон местото на престапот, а еден од натпреварувачите со рака ја враќаше количката зад обележаното место. Победници во категоријата се: Верица Поцева, Велин Ѓоргиев, Климент Јанкулоски.

AI FOOTBALL

Во категоријата AI Football се одвиваше фудбалски натпревар меѓу тимови од по три играчи (агенти програмирани со вештачка интелигенција). Секој од четирите тимови играа по еден натпревар со останатите меѓусебно. Тимот со најмногу голови беше победник во еден фудбалски натпревар и победата му носеше 3 поени. Откако се одиграа сите фудбалски натпревари победи тимот со најмногу поени. Победници во категоријата се: Стојанчо Манчев, Нино Наумоски, Стојан Јованов.

ROBOTIC ARM CHALLENGE

Секој тим имаше по два обиди за да изгради своја кула, а промена на кодот меѓу обидите не беше дозволена. Кулата мораше да има минимум три спрата за да биде валидна. Оценувањето се базираше на освоените поени од објектите од кои е изградена кулата, при што поените за секој објект беа скалирани во однос на соодветност на бојата. Доколку два или повеќе тима има ист број поени, предност имаше тимот со поголема висина на кулата. Победници во категоријата се: Антониј Стојменов, Жанина Хаџи-Василева, Стефан Темелкоски.

TRIG, TRACK, TRACE

Системот претставуваше хардверско-софтверски дизајн и имплементација на автономен подвижен робот кој требаше да следи дадена патека, да детектира објекти поставени во близина на патеката и да ја визуелизира својата околина во реално време. Како што роботот напредува, тој континуирано требаше да ја црта патеката по која се движи и да ги означи откриените објекти и нивните позиции во однос на патеката. Оценувањето се базираше на освоени поени, врз основа на: бројот на детектирани елементи, точно пресметаната позиција на детектираните елементи, точниот приказ на дисплејот и времето за кое се извршува дадената задача.Победници во категоријата се: Максим Радевски, Огнен Галески.

VOICEBOT CHALLENGE

Во оваа категорија учесниците имаа задача да реализираат систем за гласовна команда на мобилен робот ЏетБот на македонски. Задачата беше тешка од повеќе аспекти: тие требаа да направат модел за препозанвање на македонски од нула и да го научат да работи за различни гласови, во различни акустички средини и во услови на шум и бучава. Победници во категоријата се: Емануел Аврамоски, Александар Ѓоргиев, Агнеса Османи.

SUMOBOT CHALLENGE

Во оваа категорија учествуваа 8 тимови кои дизајнираа и програмираа осум автономни сумо роботи. Целта беше да се оттурне противникот (друг сумо робот) надвор од црн кружен ринг. Роботот го детектираше противникот со помош на инфрацрвени сензори, по што, според својата програмирана стратегија, го напаѓаше или го избегнуваше противникот. Победник беше оној робот што ќе го оттурнеше својот противник надвор од дефинираниот кружен ринг, при што секој меч се играше до две добиени рунди. Роботите не смееа да ги оштетат своите противници или самиот ринг. Победници во категоријата се: Софија Јовановска, Адам Хрјесиќ, Филип Милевски. 

Можете да прочитате

ТХП: Иселениците се мост меѓу двете држави, институциите да го забрзаат процесот за државјанство

Повеќето жртви во „Пулс“ се задушиле од јаглерод моноксид, дел починале од згмечување во стампедото

Завршни зборови во случајот против Стојанче