Утрински Весник
Економија

Левица: Поради амандманите власта го проби рокот за носење на законите за минерални суровини и концесии

Levicza 2.jpg

Соопштение за јавност на Левица:

Деловнички, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика требаше да заземе став во рок од два дена од одржувањето на првата седница по однос на Законот за минерални суровини и Законот за концесии и јавно-приватно партнерство.


Рокот од два дена поради поднесените амандмани истече изминатиот петокот и Комисијата го проби рокот за заземање став по овие закони.

Во таква ситуација понатамошната расправа е беспредметна и власта доколку сака да ги донесе спорните измени ќе мора да почека да поминат три месеци.

Со други зборови сега Собранието не може да продолжи со расправа и гласање по овие закони без да го прекрши Деловникот.

Можете да прочитате

Просечната плата порасна за само 118 денари за еден месец

На 28 септември ќе се одржи 59. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

Божиновска: Природата ни го подари богатството, институциите создаваат систем што ќе му даде вредност, заштита и препознатливост