Утрински Весник
Македонија

Затворени маркети, аптека и увозници кај кои се утврдени маржи до 70 отсто

Manipulacija Na Potroshuvaci Drzhaven Pazaren Inspektorat.jpg

Осум правни субјекти од кои три маркети, една аптека и тројца најголеми увозници на овошје и зеленчук се затворени на 15 дена поради непочитување на владините мерки за маржите.

Како што соопшти денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски, кај овие правни субјекти контролите утврдиле маржи до 70 отсто.


Според Стојкоски, освен клуч на врата, тие ќе бидат и парично казнети.

Се работи на уште 30 предмети во кои се опфатени сите големи маркети. Инспекторите се постојано на терен, контроли спроведуваме континуирано и така ќе продолжиме, информира директорот на прес-конференција.

Сепак, неговата генерална оценка е дека мерките на Владата се почитуваат.

Од 24 февруари до 6 март се извршени 365 надзори во трговијата на мало и 64 во трговијата на големо со што се опфатени над илјада малопродажни и големопродажни места. Притоа се констатирани вкупно 36 неправилности и се издадени прекршочни платни налози од 42 000 евра.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка

Претреси во Штип и Скопје поради сомнежи за менување оценки на Универзитетот „Гоце Делчев“

Бугарија врати 19 тони јаболка од Македонија поради зголемено присуство на пестициди