Утрински Весник
Македонија

Затворена фан зона во Берлин пред почетокот на ЕП поради сомнителен предмет

Policija Germanija.png

На неколку часа пред почетокот на премиерниот натпревар од Европското првенство меѓу Германија и Шкотска, полицијата затвори фан зона во Берлин.

Германските медиуми пренесуваат дека причината за ова е сомнителен предмет кој бил пронајден во неа. Едно лице е уапсено, а на местото има и кучиња кои бараат бомби и стручњаци за нивно деактивирање.

Предметот бил пронајден при рутинска проверка на просторот наменет за навивачи, а уапсен е маж кој го оставил ранецот покрај влезот. Во фан-зоната во Берлин било предвидено во живо да се следи натпреварот меѓу Германија и Шкотска кој се игра во Минхен.

Можете да прочитате

Славески: Медиумите ја урнаа Алта банка

Миноски: Пензионерите без картички не смеат да останат без средства за живот

Миноски: Граѓаните чекаат плати и пензии од Алта банка, мора да знаат кога ќе можат да располагаат со своите пари