Утрински Весник
Македонија

Затемнети стакла и флешери на удар – 107 казнети возачи

485019056 646385578349511 9037500404385143082 n.jpg

Во периодот од 01.05.2025 до 31.05.2025 Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи за време на спроведување на сообраќајни контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата. При контролата санкционирани се 107 учесници во сообраќајот, од кои 106 за прекршокот на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата и една санкција за неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.


Можете да прочитате

Здруженија за заштита на животни организираат протест пред Министерството за внатрешни работи

На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од државава

Од вторник (17 јуни) во Македонија појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер!