Утрински Весник
Спорт

Зарков заминува од Еурофарм Пелистер 2, ќе биде тренер на Неа Јонија

Зарков заминува од Еурофарм Пелистер 2, ќе биде тренер на Неа Јонија

Поранешниот македонски репрезентивец, Александар Зарков си замина од позицијата тренер на вториот тим на РК Еурофарм Пелистер и кариерата ќе ја продолжи во женскиот грчки клуб Неа Јонија, освојувач на купот на Грција.

dobivaj vesti na viber

„РК Еурофарм Пелистер 2 ја известува јавноста дека на истек на договорот ова лето клубот го напушта тренерот на екипата Александар Зарков. Заради интернационален предизвик Зарков се одлучи за нов почеток и нашиот клуб му посакува успеси и многу среќа.

Зарков е жива легенда на нашиот клуб, човек кој како играч освои шест титули шампион на Македонија, а беше дел од стручниот штаб и во седмата титула, освоена во сезоната 2022/23. Во последните неколку години беше дел од стручниот штаб Еурофарм Пелистер 2, а од февруари годинава ја презеде екипата како прв тренер по именувањето на Александар Јовиќ во Еурофарм Пелистер“, велат од Пелистер.

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија