Утрински Весник
Македонија

Започна увидот во опожарената фабрика во Виница

Img 97720095b17690b7fc8d349a56949e9e v.jpg

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани го започна увидот по настанатиот пожар во фабриката “Макпрогрес-Винчини” во Виница.

Увидните дејствија ќе продолжат и следните денови, бидејќи во дел од магацините за суровини и готови производи се уште има жаришта кои тлеат.


Поставени се противпожарни возила за заштита на плинската станица која не беше зафатена од огнот.

Во текот на утрешниот ден на увид на лице место е повикано и вешто лице – електроинжинер.

Во меѓувреме, обезбедени се снимки од видео надзор и се преземаат други дејствија за испитување на настанот.

Можете да прочитате

Тошковски за убиството во Чаир: Еден од осомничените е лице кое издржува затворска казна

Новинарка побара одговор за цената на Дејвид Гета – Милошески: Дали ти изгледам како идиот?

Станот како дом или како капитал?