Утрински Весник
Македонија

Запленети 30 илјади евра на граничен премин богородица

1 1 2.jpg

Царинските службеници од граничниот премин Богородица спречија обид за нелегално внесување во државата на 30 илјади евра.

Имено, на 26.07.2024 година на граничниот премин Богородица, во вечерните часови за влез во државата се пријавило патничко мотороно возило со странски регистарски таблички во кое патувале двајца странски државјани. На прашање на царинскиот службеник дали имаат да пријават нешто за царинска контрола одговориле дека немаат ништо за пријавување и дека одат во казино во Гвегелија. Но, при контрола на возилото, во патна торба на задното седиште,покрај личните работи на патниците пронајдени биле непријавени 5о илјади евра за кои немале никаков документ за потекло.

Согласно законот за девизно работење,на патниците им се вратени по 10 илјади евра, износ за кој немаат обврска да го пријават, додека останатите 30 илјади се задржани.

За направениот прекршок, Царинската управа поднесе соодветна прекршочна пријава.

Можете да прочитате

Ангелов: Вчерашниот ден најтежок со 52 пожари на отворен простор, најголем предизвик се Студеничани и Македонски Брод

ДУИ: Две години истрага без ниту еден доказ, апсурдно политичко обвинение за колективна одлука

Сиљановска-Давкова за помилувањето на Шефије Јакупи: Заслужува староста да ја доживее на слобода