Утрински Весник
Македонија

Приведен разбојник во Скопје, кај него пронајдена и дрога

Lisici.jpg

На 28.07.2024 во 17.10 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(43) од Гостивар. Тој се сомничи дека околу 16.45 часот со закана се обидел да одземе пари од спортска обложувалница на подрачјето на Центар во Скопје.
Тој бил приведен во полициска станица и при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Исто така, било констатирано дека Д.С. издржувал казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор Идризово – отворено одделение Велес и бил пуштен на викенд отсуство. Лицето било спроведено во установата, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати

Со банкарска гаранција од 500.000 евра Илчо Ѓорѓиоски оди во куќен притвор

ОЈО поднесе обвинение против Груби и Бајрами за случајот во Лотарија