Утрински Весник
Спорт

Заниоло се сели во Турција

Заниоло се сели во Турција

Николо Заниоло e непожелен во Рома и тој речиси сигурно кариерата ќе ја продолжи во Турција, но се уште не се знае дали во Галатасарај или во Фенербахче.

dobivaj vesti na viber

Последните информации говорат дека „жолто-сините“ се подготвиле понуда која која е прифатлива за Рома и Заниоло. Трансферот ќе биде околу 30 милиони евра, плус бонуси, колку што понуди и Бурнмаут, но Заниоло одби да се пресели во англискиот клуб.

Италијанскиот репрезентативец инсистира во неговиот договор да има ниска откупна клаузула за клубови од Италија, за да може да се врати во Серија А, доколку го повикаат Милан или Јувентус.

Заниоло сака клаузулата да биде најмногу 30 милиони евра. На оваа опција се согласува Фенербахче, додека Галатасарај се надева дека на крајот од сезоната ќе заработи најмалку 35 милиони евра за напаѓачот.

Вчера стана јасно дека Галатасарај е во напредни преговори со Рома околу Заниоло, но договор се уште нема.

Преодниот рок во Турција трае до среда.

Можете да прочитате

Кристијано Роналдо доби спор против Јувентус, еве колку пари треба да му плати славниот клуб

Филаделфија избори плејофот – 24info.mk

Гвардиола: Главната работа во фудбалот е да постигнеш гол