Утрински Весник
Свет

Захарова: Секоја армија од Коалицијата на подготвените испратена во Украина ќе се смета за легитимна воена цел

Zaharova 1.webp.webp

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека секоја армија од Коалицијата на подготвените испратена во Украина ќе се смета за легитимна воена цел.

– Во овој поглед, руското Министерство за надворешни работи предупредува дека распоредувањето воени формации, воени објекти, магацини и друга инфраструктура на западните земји на територијата на Украина ќе се смета за странска интервенција, создавајќи директна закана за безбедноста не само на Русија, туку и на други земји во Европа, истакна Захарова.

Таа додаде дека „овие предупредувања се дадени повеќе од еднаш од највисоко ниво и остануваат релевантни“.

Новите милитаристички декларации на така наречената Коалиција на подготвените и властите во Киев формираат во себе вистинска оска на војната. Плановите на нејзините учесници стануваат сè поопасни и подеструктивни за иднината на европскиот континент и неговите жители, кои западните политичари исто така ги принудуваат да плаќаат за такви аспирации од свои џебови, посочи Захарова.

Можете да прочитате

Масовен бунт во Иран – Илјадници на улиците, властите со жесток одговор

Трамп му се закани на Иран поради бруталноста кон демонстрантите

Две лица ранети од припадник на американската служба за имиграција ICE во Портланд