Утрински Весник
Свет

Иранска гарда: Имаме целосна контрола на Ормутскиот теснец

Ormuts.webp.webp

Иранската револуционерна гарда денес соопшти дека го контролира Ормутскиот теснец, клучен превозен пат за нафта и гас, и дека секој брод што се обидува да помине низ водниот пат ризикува штета од ракети или залутани дронови.

„Моментално, Ормутскиот теснец е под целосна контрола на морнарицата на Исламската Република“, изјави Мохамад Акбарзаде, официјален претставник на морнарицата на Револуционерната гарда, во соопштение објавено од новинската агенција Фарс.


Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека американската морнарица е подготвена да ги придружува танкерите со нафта низ клучната бродска рута во Заливот.

Можете да прочитате

Франција регистрираше повеќе од 14.000 пожари и над 400 апсења од почетокот на сезоната

Данската принцеза Изабела почна со воена служба

Речиси два милиони евра приходи за Кипар од царината за мали пратки од трети земји