Утрински Весник
Македонија

Со украдено возило удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Policija srbija 1.jpg

На 26.02.2026 во 22:40 часот во СВР Тетово, Ќ.И.(78) од с.Стримница, тетовско, пријави дека во селото било одземено патничко моторно возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски ознаки, кое е сопственост на друго лице, а тој го користел и кое било паркирано и оставено со клуч на бравата.

Според пријавеното, лицето кое го одзело возилото, движејќи се кон с.Палатица предизвикало сообраќајна незгода, односно удрило во објект на маркет и го напуштило местото. При тоа со телесни повреди, констатирани во Клинички центар Тетово, се здобила Л.К.(23) од с.Палатица, вработената во маркетот, а предизвикана е и штета на објектот.


По наредба на јавен обвинител возилото е однесено во кругот на СВР Тетово и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за целосно расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Претрес во скопско Арачиново, приведено едно лице, пронајдени над два килограми марихуана

Сончево време со мала до умерена локална облачност

Полициска акција во Скопје – пронајдени пет килограми марихуана кај татко и син