Утрински Весник
Свет

Трамп: Нападот може да трае со денови или подолго

Tramp.webp.webp

Американскиот претседател, Трамп изјави дека на Иран ќе му бидат потребни неколку години за да закрепне од американско-израелски напад, во телефонски разговор со новинар од израелскиот Канал 12.

Американскиот претседател рекол дека може да избере кампањата да трае онолку долго колку што сака или да заврши во рок од неколку дена, со предупредување дека повторно ќе нападне доколку Иран се обиде да се обнови.


Тој нагласи дека на режимот ќе му бидат потребни неколку години за да закрепне од овој напад, пренесува хебрејската телевизија.

Трамп го обвини Иран за повлекување од постигнување нуклеарен договор, велејќи дека сфатил оти Техеран не бара сериозен договор, се додава во извештајот. Трамп исто така го опиша својот вечерашен разговор со премиерот Бенјамин Нетанјаху како позитивен, пренесе Тајмс оф Израел.

Можете да прочитате

Убиен oсомничениот напаѓач на Берлинската парада на гордоста

Москва не ги коментира најавите за можен предлог од Вашингтон и Киев за крај на војната во Украина

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори