Утрински Весник
Свет

Захарова: Гутереш ги надмина своите овластувања

Захарова: Гутереш ги надмина своите овластувања

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја коментира изјавата на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, дадена како резултат од референдумот во регионите ДНР, ЛНР, Запорожје и Херсон.

dobivaj vesti na viber

„Во овој случај Гутереш очигледно не само што ги пречекори своите овластувања туку, всушност, се солидаризира со колективниот Запад, уште еднаш прибегнувајќи кон селективен пристап во толкувањето на настаните“, рече портпаролката.

Захарова додаде дека „директните напади на генералниот секретар на ОН врз фундаменталното право на луѓето од регионите ДНР, ЛНР, Херсон и Запорожје на самоопределување е уште еден пример за лицемерство и очигледни двојни стандарди“.

„Сметаме дека е неприфатливо генералниот секретар на ОН да се претвора во инструмент за пропаганда и притисок врз земјите членки, иако треба да се води од Повелбата на ОН“, заклучи таа.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, претходно изјави дека пристапувањето на ДНР, ЛНР, Херсон и на Запорожје не може да биде прифатено во Русија бидејќи, според него, референдумите не може да се сметаат за вистински израз на волјата на народот бидејќи тие се одржаа надвор од правната рамка на Украина и на територијата што е контролирана од страна на Русија.

Тој истакна дека секоја анексија на територијата на една држава е кршење на Повелбата на ОН и на меѓународното право.

Според него, Русија како една од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН има посебна одговорност за почитување на Повелбата на ОН.

„Секоја одлука за анексија на регионите Донецк, Луганск, Херсон и Запорожје во Украина нема да има правна сила и заслужува осуда“, нагласи генералниот секретар.

Можете да прочитате

Портпаролот на терористичката „ИД“ го пофали нападот што го изврши во концертна сала во московскиот регион

Трагедија во Јужна Африка: 45 лица загинаа во автобуска несреќа

Илјадници налози на Телеграм блокирани поради повици на терористички напади