Утрински Весник
Спорт

Захариевски се враќа крај езерскиот брег

Srgjan zaharievski struga tl 3.jpg

Поранешниот тренер на актуелниот македонски фудбалски шампион Струга ТЛ, Срѓан Захариевски се враќа покрај езерскиот брег, овојпат како стратег на охридскиот прволигаш Воска Спорт. На дебитантот во елитното натпреаврување Воска Спорт и претстои битка за опстанок, па затоа по поразот во првото пролетно коло а гостувањето кај лидерот Шкупи (3:0), раководството на охриѓани одлучи да ја прекине соработката со црногорскиот стратег Миљан Радовиќ. Захариевски по заминувањето од Струга ТЛ во екот на минатата сезона откако го трасираше шампипонскиот пат со извонредни резултати во есенскиот дел од сезоната е без ангажман, иако неговото име се спонемуваше во повеќе наврати од екипи на домашната сцена, каде ги има предводено Пелистер и Металург. Постигнатиот договор на Захариевски и Воска Спорт деновиве се очекува да биде официјално потврден од охридскиот прволигаш.

Можете да прочитате

Стадионот во Приштина е премал да ги прими сите заинтересирани за дуелот Косово – Турција

ГРК Охрид попладнево му гостува на Олимпијакос во Атина во првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп

Кими Антонели победник на трката за Големата награда на Јапонија