Утрински Весник
Свет

Загина Турчинката која помагаше на жртвите од земјотресот, со комбето доставила хуманитарна помош па излетала од патот

Загина Турчинката која помагаше на жртвите од земјотресот, со комбето доставила хуманитарна помош па излетала од патот

Триесет и тригодишната Турчинка Дилај Чевиз од Измир загина во сообраќајна несреќа кога камионот со хуманитарна помош за настраданите од разорниот земјотрес во Кахраманмараш излетал од патот.

dobivaj vesti na viber

Двајца нејзини пријатели, кои биле во истото возило, се повредени, пренесува Милијт.

Во земјотресот чиј епицентар беше во Кахраманмарас загинаа повеќе од 40 илјади луѓе во 10 провинции, а испраќањето хуманитарна помош во погодените подрачја продолжува од првиот ден.

Дилај Чевиз со своите пријатели од Измир во саботата вечерта тргнала да ја собере хуманитарната помош и заедно со членовите на хуманитарната организација во која членувала им ја доставила на настраданите од земјотресот.

На враќање, комбето, управувано од Серхат К, удрило во бариерите и излетало од патот. Возачот од засега непознати причини изгубил контрола над возилото.

Најновите фотографии од убавата Турчинка се направени со мобилен телефон и на кои се гледа како им помага на своите пријатели додека собира хуманитарна помош за настраданите во катастрофи.

Можете да прочитате

Земјите од Г7 ќе разговараат за високите царини наметнати од САД кон Кина

Девојче во САД злоставуванo до смрт од таткото и и маќеата кои ја држеле врзанa во подрум

ЕУ драстично ги менува правилата за мигрантите