Утрински Весник
Македонија

Загина 19-годишно момче, со возилото излетале од патот

Uzp8q Lenta Policija.jpg

На 18.06.2024 во 17.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Липково, во с.Оризаре, липковско, патничко возило „опел зафира“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(21) од с.Никуштак, општина Липково, излетало од коловозот. Во несреќата од здобиените повреди на местото починал сопатникот Р.А.(19) од с.Никуштак, а лекар од Здравствен дом Липково констатирал смрт.

Возачот Р.А. се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово.

Можете да прочитате

(Видео) Огромни колони пред патарините меѓу Тетово и Гостивар

Владата зела позајмица од седум милиони евра од М-Нав за да му ги префрли на ЈПДП

Малолетничка натепана од мајката и очувот