Утрински Весник
Македонија

Забрчанец: Владата да ги ископира успешните мерки од Планот за чист воздух и веднаш да ги спроведе веднаш

Zabrcanec.jpg

Аерозагадувањето нѐ труе сега, денес, секој ден, заа заштита на здравјето и животот на луѓето нужна е итна акција, денес, пишува на Фејсбук Марјан Забрчанец.

Тој наведува пример од претходната влада кој дал резултати во борбата против загадувањето.

,,Имаме примери како се прави тоа. И тоа домашни, од периодот 2018-2020 година. Период кога Владата, граѓанските еко организации и иницијативи, Градот Скопје и дел од општините ја сфатија алармантноста и преминаа заеднички кон дневно, штапско справување со аерозагадувањето.

Еве дел од мерките, нека им послужат на одговорните денес, за да ни овозможат да дишеме, за да не издишеме:

  • СТРАТЕГИЈА – утврдување на борбата со аерозагадувањето како стратешки приоритет во владината програма
  • ШТАБ – формирање кризен штаб за справување со аерозагадување во кој учествуваат Владата, Градот Скопје, ЗЕЛС и невладините
  • ТРАНСПАРЕНТНОСТ – дневна комуникација со медиумите и граѓаните и транспарентно информирање за сите преземени мерки
  • ЕДУКАЦИЈА – активна медимска едукација на населението за откажување од греење со биомаса, за откажување од палење стрништа и слично
  • ИНСПЕКЦИИ – контрола и казни за сите загадувачи, без разлика дали се институции или компании
  • ЛЕГИСЛАТИВА – иницијативи за законски измени со цел воведување нови мерки
  • АКЦИИ – за замена на огрев на дрва со клима инвертори
  • АКЦИИ – за вклучување на администрацијата во чистење на околината
  • АКЦИИ – за замена на системите на грееење на сите јавни објекти
  • АКЦИИ – за субвенционирање и олеснување на трошоците на домаќинствата за трансфер кон еколошки начин на греење

Здравјето на луѓето не може да го чека премиерот да “најде партнери коишто врз основа на пазарни услови, ќе вложат во систем на затоплување на домовите којшто ќе се базира на соговорување на природен гас, односно когенеративни централи кои ќе произведуваат и електрична енергија и гас.”

БОРБА ЗА ЗДРАВЈЕ – ДЕНЕС, СЕГА, ВЕДНАШ” пишува Забрчанец.

Можете да прочитате

Верниците се простуваат од упокоениот митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј

Царинска управа: спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне

ВМРО-ДПМНЕ: Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија и ги направи најголемите национални предавства