Утрински Весник
Македонија

Деца нашле неексплодирана експлозивна направа

Granata.png

На 24.09.2026 во 08:10 часот во Полициското одделение Теарце, Б.В.(40) од с.Доброште пријави дека претходниот ден (23.09.2026) во попладневните часови, неговиот малолетен син и неколку негови другари, додека се движеле со велосипеди во планинскиот предел над селото, забележале неексплодирана експлозивна направа.

Местото било обезбедено од полициски службеници од Полициското одделение Теарце, а направата е преземена од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка, при што било констатирано дека се работи за рачна бомба од германско потекло.


Се работи на расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави 

Клековски: Вакцините против грип се пристигнати и пријавувањето ќе започне час поскоро

ВЛЕН: Тетово се менува со дела, модерниот стадион добива форма