Утрински Весник
Балкан

Забрането капење на голем дел од плажите во околината на овој грчки град поради појавата на мртви риби

Mrtvi Ribi.jpg
Dik 300x250 mk

На голем дел од плажите што се наоѓаат источно и западно од поширокиот регион на грчкиот град Волос, забрането е капење поради појавата на мртви риби што се излеаја во морето.

Како што објавија грчките медиуми, крајбрежната служба од Волос донела одлука да се забрани капењето, поради вонредната појава и сè додека не добијат известување од надлежната Дирекција за води за лабораториска потврда дека водата е соодветна за капење.

Забраната важи од плажата Агрија на исток до плажата Агиос Георгиос на запад, дел во кој се вклучени десетици плажи во околината на Волос, кои до неодамна беа наградени со „Сини знамиња“ за квалитетот.

Веќе неколку дена во тек е чистењето на крајбрежјето во заливот Пагаситикос поради милионите слатководни мртви риби што од езерото Карла се излеаја во морето.

Можете да прочитате

Даница Грујичиќ, поранешна српска минстерка за здравство: Лаици да не зборуваат за вакцини

Рама одбива мигранти од Лондон, македонската влада тивка

Албанските пензионери ќе добијат новогодишен бонус, Владата издвои 97 милиони евра