Утрински Весник
Македонија

За влез во Грција се чека и до еден час

Gp Bogorodica 1.webp.webp

Големи гужви се забележани утрово на граничниот премин Богородица за влез во Грција.

Се чека и до еден час за да се помине границата од грчката страна.

Дополнително, патувањето кон грчките летни дестинации оваа сезона го отежнуваат и градежните активности кај обиколницата кај Солун, пришто патниците раскажуваат дека целото патување се продолжува дури и за неколку часа.

Гужвите се очекува дополнително да ескалираат во екот на сезоната.

Можете да прочитате

Свеќи и транспаренти за Билјана – граѓани излегоа на мирен протест во Богданци

Димитриевски: ЗНАМ ќе излезе од Владата ако правосудниот испит се полага и на албански

Од Прилеп во 10, од Охрид во 11, од Ресен во 12 часот – распоред за превозот до Алта банка