Утрински Весник
Македонија

За претседател избирачкото право до 13 часот од излезените гласачи го искорситиле помалку 50.827 лица

Pretsedatelski Izbori 2024 Mia 3.png

За вториот круг од претседателските избори да биде успешен, а граѓаните на Македонија да го изберат шефот на државата за наредните пет години, меѓу актуелниот Стево Пендаровски и Гордана Силјаноска – Давкова, потребно е на гласање да излезат повеќе од 40% од вкупниот број запишани избирачи. Во апсолутни бројки, тоа значи дека од вкупните 1.814 317 избирачи, на гласање треба да излезат најмалку 725.727 гласачи. Според резултатите за излезеноста до 13 часот објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија, за 3 процентни поени е поголем одзивот на парламентарните отколку на вториот круг од претседателските избори. Излезеноста во вториот круг од претседателските избори до 13 часот, по пребројани 98,4% од избирачите, е пониска од истиот период на гласање во првиот круг. На 24 април при првиот круг од претседателските избори до 13 часот гласаа 24,65% според пребројани 98,12% од избирачите. Излезеноста на претседателските избори денеска според овие статистички податоци е пониска за околу 2 процентни поени споредено со пред две недели. Во апсолутни бројки, на парламентарните избори денеска, до 13 часот и на обработени 97,81% од избирачите, гласале вкупно 457.562 лица. Во истиот временски период и на обработени 98,4% од избирачите на вториот круг од претседателските избори гласале 406.735 гласачи. Разликата е 50.827 гласачи помалку за претседателските избори.

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница