Утрински Весник
Македонија

За празниците во Дојран се очекува да престојуваат над 10 илјади туристи

Picture 1322 660x500 1.jpg

За првомајските и велигденските празници во Дојран се очекува да престојуваат над 10 илјади туристи, соопшти градоначалникот Анго Ангов. Според него, се бара место повеќе и сите капацитети се исполнети.

-Сакам да истакнам дека не само за празниците, туку од лани и од почетокот на оваа година расте бројот на туристи кои го посетуваат Дојран надвор од летната сезона. Ние сме подготвени да ги пречекаме сите посетители и да им го понудиме нашето познато гостопримство, рече градоначалникот Ангов.

Додава дека се зголемува бројот на сместувачките капацитети со обновување на тие коишто не биле во функција подолго време, а се градат и нови со што туристичката понуда на Дојран се зголемува.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија ни е стабилен и просперитетен регион, интегриран во Европската Унија

Салмонела причина за труењето во РЕК Битола, 120 вработени со стомачни тегоби

Над 16 илјади корисници не плаќаат за вода во Тетово