Утрински Весник
Скопје

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

707371951 1288068370170354 1394501091164968458 n.jpg

Денеска (25.05.2026) во периодот од 10:00 до 18:00 часот од страна на полициски службеници од ОБПС при СВР Скопје и ОП СЕО беше спроведена засилена акциска контрола на територија на Скопје за санкционирање на прекршоци сторени од возачи на мотоцикли. При тоа санкционирани се 116 возачи, од кои 64 за некористење кацига, 13 за управување мотоцикл без положен возачки испит, три нерегистрирани мотоцикли и други видови прекршоци.

Одземени се три мотоцикли поради сторено кривично дело по член 297а од КЗ “безобѕирно управување моторно возило”. Акциските контроли продолжуваат и наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот, особено мотоциклистите, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да продонесеме за побезбеден сообраќај.


Можете да прочитате

Без струја делови од Бутел и Центар

Земјиште се сруши при ископ на темели за зграда во Скопје

Ивановски: Приоритет е градскиот воз, делницата од Зелениково до Железничка станица ќе биде во функција од септември