Утрински Весник
Македонија

Зајкова: Законот да важи еднакво за сите – крај за двојните државјанства на функционерите

Monika zajkova osnovano somnenie 1.jpg

„Нели ви е преку глава од дволичноста и двојните стандарди на „големите” партии? Законот треба да важи еднакво за сите! Како што важи за претседателот на државата, за јавниот обвинител, за амбасадорите – така да важи и за сите избрани и именувани лица. БЕЗ ИСКЛУЧОК. ОД ДЕНЕС! Еве, нека немаат двојно државјанство и пратениците, и министрите, и директорите – сите. И тоа да важи за СЕГАШНИТЕ, без одлагање”, пишува во објава на социјалните мрежи претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова.

Зајкова бара да се направи увид и доколку некој во моментот кога стапил на функција имал двојно државјанство, веднаш да си поднесе оставка.


„Воедно, пратениците-предлагачи нека побараат оставки од сите министри кои евентуално имаат или имале двојно државјанство во моментот на изборот. Како до вчера било во ред, а сега не е. Или ќе го држат ставот до крај – или ќе бидат обвинети од јавноста за ДВОЛИЧНОСТ. Еве, јас волонтирам – нека почне од моето државјанство. Подготвена сум да заверам изјава пред нотар дека не сум имала друго државјанство”, пишува претседателката Зајкова и ги повикува своите колеги пратеници и функционери истото да го направат со проверка и на нотар.

Можете да прочитате

Мицкоски во Виена на средба со македонската дијаспора: Убеден сум дека само заедно можеме да ја движиме државата напред

Мицкоски ја фрла МРТ во канџите на фантом фирми – Левица повикува да се спречи изборот на Ристоски за директор на јавниот сервис

Бакрески: Постапуваме по решението на ДПИ