Утрински Весник
Македонија

Зајкова за Први мај: Наполнете гориво на време „имам чувство“ дека цената ќе оди нагоре

Monika zajkova 1.jpg

Претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, на уникатен начин го честиташе Први мај – Меѓународниот ден на трудот.

Таа, на социјалните мрежи објави фотографија честитка за денот, но во описот даде и совет до граѓаните.

„Честит 1ви мај… и до 3ти наполнете ги резервоарите со бензин/дизел – “имам чувство” цената ќе оди нагоре!!!“ напиша Зајкова.

Инаку, во последните денови на светските берзи се случи нов раст на цената на суроавата нафта што може битно да влијае врз цените на горивата и во Македонија.

На трети мај, понеделник Регулаторна комисија за енергетика треба да ги соопшти нови цени што ќе важат од вторник, четврти мај.

Можете да прочитате

Полициска акција во Скопје: Во „голф“ откриени околу 230.000 евра, двајца приведени од Косово

Приведени двајца косовски државјани за „фалсификување пари“, пронајдени околу 230.000 евра

Инфраструктурните проекти и стратешкото партнерство во фокусот на средбата Николоски – Варнс