Утрински Весник
Скопје

Зајкова: Пред 1 година ни се потсмеваа кога алармиравме за жичницата, денес алармот е кренат

Monika zajkova proletni sostanoczi mmf svetska banka 1.jpg

Соопштение за јавност на ЛДП:

По последните информации кои доаѓаат од Град Скопје дека жичницата на Водно нема да работи цело лето и не се знае кога ќе проработи, претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка, Моника Зајкова, потсети на алармот од пред една година, кога се утврди дека жичницата работела без дозвола.


„Не сме Ванѓа ама укажувавме уште пред 1 година (16.08.2025), тогаш ни се потсмеваа, денес алармот кренат… Не сакам да замислам што се можело да биде односно сигурно ‘трагедија’ (убиство) затоа што ‘системот’ (Град Скопје) потфрлил”, пишува Зајкова во својата објава.

Минатата година во јавноста протекоа информации дека жичницата со месеци работела без дозвола и превезувала луѓе, на што реагираше и претседателката Зајкова.

„Колку пати мораме да бидеме сведоци на неизмерна штета, па и човечки животи, да сфатиме дека мора да ја поставиме безбедноста на прво место? Колку нови трагедии треба да ни покажат дека стандардите не се луксуз, туку се поставени заради безбедност и заштита?”, напиша тогаш во својата објава.

Поради неодговорноста и неажурноста на надлежните, летово Скопје и скопјани, но и туристите и посетителите, остануваат без жичница на Водно и можност за рекреација и разладување во топлите летни месеци.

Можете да прочитате

Ништо од долгоочекуваниот лунапарк – Град Скопје го раскинал договорот вреден 10 милиони евра

Средба со бордот на директори од ЕБОР – Скопје заслужува големи проекти и резултати што ќе го менуваат животот на граѓаните 

Герасимовски: Додека не најдеме законско и прифатливо решение, нацрт-ДУП-от „Барутана” нема да го ставам на дневен ред на Советот