Утрински Весник
Скопје

Пролетна дератизација во општина Аеродром

Proletna deratizacija.jpg

Деновиве во Општина Аеродром се спроведува редовна пролетна дератизација на ниво на целата територија на општината, со цел заштита на јавното здравје и превенција од појава и ширење болести што ги пренесуваат глодачите.

Во рамките на акцијата се опфатени околу 3.000 шахти, во кои се поставуваат вкупно 9.000 мамци, а активностите ги опфаќаат и сите основни училишта и детски градинки на територија на Општина Аеродром.


Дератизацијата ја врши Центарот за јавно здравје – Скопје. Грижата за здравјето и безбедноста останува приоритет, а пролетната и есенската дератизација се дел од континуираните активности за чиста, безбедна и здрава животна средина во Општина Аеродром.

Можете да прочитате

Ништо од долгоочекуваниот лунапарк – Град Скопје го раскинал договорот вреден 10 милиони евра

Средба со бордот на директори од ЕБОР – Скопје заслужува големи проекти и резултати што ќе го менуваат животот на граѓаните 

Герасимовски: Додека не најдеме законско и прифатливо решение, нацрт-ДУП-от „Барутана” нема да го ставам на дневен ред на Советот