Утрински Весник
Скопје

За 10 милиони евра ќе се гради нов лунапарк во Скопје

Lunapark.jpeg

Градот Скопје наскоро ќе добие нов лунапарк, проект вреден околу 10 милиони евра кој треба да донесе современ забавен парк во Градскиот парк. Според објавите од Бирото за јавни набавки, договорот за проектирање, набавка и монтажа на реквизити е склучен со компанијата Мастеф ДООЕЛ Скопје.

Новиот забавен парк ќе се гради на проширена површина во однос на стариот лунапарк, вклучувајќи и дел од просторот каде што претходно беа летните дискотеки во Градскиот парк, кои неодамна беа отстранети.


Проектот предвидува поставување на околу 20 нови реквизити, меѓу кои панорамско тркало, ролеркостер, пиратски брод и други адреналински и семејни атракции. Просторот ќе биде дизајниран за околу 3.000 посетители дневно и ќе вклучува и придружни содржини како угостителски објекти, фонтани, билетара, продавници за сувенири и санитарни јазли.

Идејата за нов лунапарк во Скопје се провлекува повеќе од една деценија, со неколку прекинати и изменети проекти низ различни градски администрации. Последните години проектот беше стопиран, но сега повторно е активиран со нов тендер и најавена реализација.

Можете да прочитате

Центар го прослави фолклорот и традицијата со играорците од „Орце Николов”, ДКЦ „Карпош” и етно работилници

Јакимовски: Лукровски се брише од институции, а јавноста ја лажат со боледување

(Видео) Градоначалникот на Аеродром спречи истурање шут во Лисиче