Утрински Весник
Македонија

Уапсени 10 возачи за безобѕирно управување возило меѓу нив и тројца малолетници 

Liseni od sloboda dvajca vozaci vo veles i kavadarci upravuvale vozila so brzina pogolema od dozvolenata i pod dejstvo na alkoxol image.jpg

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, од кои шест возеле без дозвола (тројца малолетници), а по двајца со активна забрана и под дејство на алкохол.  

Двајца возачи во Скопје (еден малолетник), и по еден во Тетово (малолетник), Гостивар, Велес (малолетник) и Делчево управувале возило без возачка дозвола. Возачот во Делчево учествувал и во сообраќајна незода со возилото кое го управувал, по што било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,89 промили алкохол во крвта.


По еден возач во Скопје и Кичево управувале возило со активна забрана, а по еден возач во Скопје и Велес управувале возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Ги слуша ли Филипче реакциите од народот или е зафатен со фантазирање?

Автомобил прегазил двајца пешаци во Скопје

ВЛЕН: нова политичка визија за Албанците – владеење на правото, европска ориентација и економски развој