Утрински Весник
Балкан

Вучиќ: Сега е јасно дека Курти сака прогон на Србите

Aleksandar Vuchi .jpg

Претседателот на Србија Александар Вучиќ по средбите со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак и со американскиот амбасадор во Белград Кристофер Хил изјави дека ќе се обрати во рок од 72 часа и дека сега е целосно јасно дека Албин Курти сака уништување и прогон на српскиот народ.

– Денеска имавме одделни двочасовни разговори за Косово, прво со Мирослав Лајчак, а потоа и со американскиот амбасадор Кристофер Хил, и во следните 72 часа ќе и се обратам на јавноста. Ќе зборувам за тоа што бара Србија, а поради суштинскиот и брутален напад врз српското население, пред се на северот на Косово и Метохија, како и за тоа што т.н. меѓународна заедница нема исполнето, што бара Србија и што ќе направи Србија, напиша српскиот претседател на Фејсбук по средбите со Лајчак и ненајавената средба со американскиот амбасадор Хил.

Тој додаде дека „сега е сосема јасно дека Курти сака уништување и прогон на српскиот народ и дека тоа не ни е јасно само нам, туку и на сите други“.

– Ние сме во ситуација кога Србите не можат да направат ништо што може секој во современиот свет да го направи, а сето тоа е благодарение на илегалните, криминални и незаконски одлуки на Албин Курти, а дека од сето ова од Европа и Квинта доаѓаат само зборови на осуда, а на дело ништо не се гледа, оцени Вучиќ на Фејсбук.

Тој на крајот порача дека „Србија секогаш е за дијалог и дека нема да дозволи прогон и погром на српското население“.

Можете да прочитате

Вучиќ за Би-Би-Си: Никогаш не сме го признале Косово, нормализацијата значи дека го чуваме мирот

Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад

Рама на средба со албанската дијаспора во Лондон, пречекан со протест