Утрински Весник
Македонија

Собранието го донесе Законот за парнична постапка – 24info.mk

Sobranie.webp.webp

Со 81 глас за, 9 против и ниту еден воздржан ,Собранието го донесе новиот Закон за парнична постапка, кој претставува еден од клучните реформски чекори во насока на унапредување на правосудниот систем и негово усогласување со современите европски стандарди.

Со новите законски решенија се создаваат услови за побрзи, поефикасни и поквалитетни судски постапки, како и за поголема правна сигурност и подобра заштита на правата на граѓаните и правните лица.


Законот предвидува зајакнување на улогата на судот во утврдувањето на фактичката состојба, воведување современи дигитални алатки во работењето на судовите, како и поедноставување и забрзување на постапките, особено кај споровите од помала вредност.

Меѓу значајните новини е и можноста за електронска достава на писмена и одржување на судски рочишта преку електронски средства, со што дополнително ќе се намалат трошоците и времетраењето на постапките.

Законот воведува и претставнички тужби за заштита на колективните интереси и права, со што се проширува пристапот до правда и се создаваат нови механизми за правна заштита на граѓаните.

Воедно, предвидени се поправедни и попропорционални санкции во текот на постапките, а законските решенија се усогласени со останатите системски прописи со цел обезбедување кохерентен, функционален и предвидлив правен систем.

Министерството за правда продолжувасо спроведување на реформската агенда насочена кон ефикасно судство, владеење на правото и јакнење на довербата на граѓаните во институциите.

Можете да прочитате

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, преговараме со мултинационална компанија, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме

Засега нема нови критериуми за пристапување во ЕУ, изјавата на евроокомесарката Кос не се однесуваше на Македонија, вели Мицкоски