Утрински Весник
Македонија

(Фото) Веќе е доцна, но не и предоцна – стартуваше платформата „Разговори за иднината во 12:05“

Img 8359.jpeg

„Разговори за иднината во 12:05“ е нова демократска платформа за подигнување на нивото на општественатадебата. Времето на часовникот е симболична порака дека веќе е доцна, но не смееме да дозволиме да стане предоцна за Македонија. 

Денешната прва сесија се одржа по традиционалното демократско начело „Chatham house rules“.  


Поканетите учесници припаѓаат на три неформални групи на општествени чинители. Едната група се влијателни граѓански активисти кои никогаш не биле членови на политички партии, другата група се гласни актуелни опозициски вршители на јавни функции и третата група се истакнати припадници на различни генерации на СДСМ.  

Учесниците на денешните разговори заеднички заклучија:  

  • Прогресивната демократска јавност има потреба од суштинска, објективна дебата, која за да ја погодицелта мора да биде ослободена од вообичаената потреба за допадливост кон партиските авторитети. 
  • Граѓаните денес живеат во реалност на неефикасна власт која за наводен политички противник си избира виртуелна опозиција.  
  • Сите истражувања на јавното мнение укажуваат дека македонската политичка сцена нуди, на едната страна силна владејачка партија и коалиција, а на другата страна смислено фрагментирана опозиција.  
  • Опозицискиот простор не се пополнува со нови партии туку со идеолошка и вредносна (р)еволуција. 
  • На Македонија и е потребен Нов општествен договор како основа за создавање широк опозициски потенцијал за промени.  
  • Демократските процеси продолжуваат во насока наизнаоѓање одржливи и спроведливи решенија за иднината. 

Во прилог испраќаме листа на учесници и фотографии од првата сесија на „Разговори за иднината во 12:05“. 

Игор Ивановски (модератор), Андреј Петров, Гордан Георгиев, Емилијан Станковиќ, Никола Ќуркчиев, Александар Бајдевски, Славјанка Петровска, Сашко Митревски, Моника Зајкова, Ненад Марковиќ, Предраг Трпевски, Звонко Давидовиќ, Валентин Пепељугоски, Љубомир Гајдов, Ивор Мицковски, Милена Стевановиќ, Ема Нешковска, Стојко Пауновски, Костадин Ацевски, Драган Анастасов, Диме Велковски, Коста Начевски, Насе Насев, Бојан Столевски, Митко Андреевски, Милена Цветановска, Сретен Богоевски, Горан Стојковски – Диро(без физичко присуство со лично писмено обраќање) 

Можете да прочитате

Невреме во Скопје: Пороен дожд ги поплави улиците

Пратеници, професори и поранешни функционери на голема дебата за Иднината на Македонија

Алиу: Унапредувањето на органодарителството е еден од најуспешно финализираните процеси во здравството