Утрински Весник
Свет

Вучиќ: Разговарав со Блинкен, не се согласивме за природата на она што се случи на Косово

Вучиќ: Разговарав со Блинкен, не се согласивме за природата на она што се случи на Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека разговарал со државниот секретар  на САД, Ентони Блинкен и во таа прилика додаде дека се согласиле дека е потребна деескалација.

dobivaj vesti na viber

Вучиќ рече дека е потребна посилна улога на КФОР, особено на северот на Косово.

„Ги негирав невистините за највисок степен на борбена готовност на војската на Србија, не се договоривме за природата на она што се случи на Косово“, рече Вучиќ.

„И Блинкен зборуваше за некои мерки, јас реков дека сум против“, додаде претседателот на Србија.

Вучиќ рече дека Србија има докази за настаните на северот на Косово и додаде дека „ќе ги гонат ладнокрвните убијци“.

Претседателот на Србија рече и дека не му пречи што КФОР го зголемува бројот на војници на Косово.

„НАТО не ни пречи, нека праќаат, помалку Курти ќе дивее“, рече тој.

„Ги убедував Милан (Радоичиќ) и другите најмалку 500 пати да се извлечат од барикадите. Нема да ги наречам Србите терористи“, изјави претседателот на Србија.

Можете да прочитате

Се запали траект во море, спасени 177 луѓе: на бродот имало и мигранти, итно реагирала италијанската полиција

Силен земјотрес во Турција, се почувствувал и во Грција

(Видео) Путин се обрати на јавноста, ветува обнова на окупираните територии во Украина